HORVAT DOO – Загреб, Хрватска
Облеката се изработува во посебен избор на бои, модели и конструкциски решенија, прилагодена на специфичностите на работата која се врши, и во склад со визуелниот идентитет на нарачателот. Дизајнот е современ, впечатлив и атрактивен. Со дизајнот се нагласува индивидуалниот имиџ на корисникот, за дополнителен придонес при претставувањето на нарачателот на денешниот изразено компетитивен пазар.
Заради посебните и отежнати услови на работење за кои се погодни нашите колекции на работна облека, особено внимание посветуваме на внимателно избирање на ткаенините и приборот, па затоа тврдиме:
- *долг рок на траење – најмалку 80 перења на
температури и до
95оС
без собирање и губење боја во соодветни услови на
работа;
- *технологија на шиење која осигурува
компактност и
долговечност на облеката, преку дополнително зајакнатите и
зацврстени критични места;
- *висок степен на отпорност на абење
– со структурата и доработката на
ткаенините.
Тимот од дизајнери и креатори на Хорват го следи секое работно место и согласно потребите за истото дава најсоодветно решение за заштитата, моделот и комодитетот на работната облека.

