Производство на работна облека
Хорват доо Скопје од своите почетоци изработува работна облека за извоз за своите странски партнери.
Меѓу нив се вбројуваат:
Horvat doo – Р. Хрватска * www.horvat.eu.com
Ripten Engineering – Косово * www.ripten-eng.com
Work & Clothes – Шведска * www.workandclothes.com
Uvex Axento – Германија * www.axento.com
ХОРВАТ доо Скопје во 2007 склучи ексклузивен Договор за соработка – конфекционирање со светскиот лидер во областа на заштита при работа - Uvex Axento – Германија.
Од почетокот на 2007 година, поради зголемениот обем на производство на работна облека, сопственичкиот тим на Хорват доо Скопје ја основа фирмата СИНЕРГА дооел Струга, погон за производство кој конфекционира исклучиво за потребите на Хорват и странските партнери на Хорват.
Во моментов СИНЕРГА дооел Струга брои 150 работници, со постојана тенденција за зголемување на бројот на вработени лица.
